Aлонсо: Ќе разговарам со Винисиус сигурно, но прво да уживаме!
Чаби Алонсо одлучи да го замени Винисиус во 72. минута од натпреварот, но очигледно тоа на фудбалерот не му се допадна. Бразилецот беше изненаден што токму тој треба да го напушти натпреварот и бурно реагираше, а по излегувањето одби и да се поздрави со Алонсо.
Сосема очекувано тој момент беше тема и на прес-конференцијата по натпреварот.
„Не сакам да свртам вниманието од важните работи. Вини даде многу. Во секој тим постојат различни карактери и тоа мораме да го разбереме. Ќе разговарам со него сигурно, сега да уживаме во победата“, изјави Алонсо.
По победата Реал Мадрид сега има 27 бода, пет повеќе од Барселона.
Фото: Real Madrid C.F