Винисиус не може без скандали: Се искара со Чаби Алонсо и замина право во соблекувална (ВИДЕО)

Ако некои помислија дека Винисиус го смирил својот темперамент оваа сезона и конечно почнал да размислува како возрасен човек, стигна демант лично од него.

Во 72. минута од денешното Ел Класико, тренерот на Реал, Чаби Алонсо одлучи да го повлече од игра и на негово место да го внесе Родриго. Тоа, очигледно, Винисиус не можеше да го прифати и предизвика скандал додека излегуваше од теренот.

Прво непримерно гестикулираше кон Чаби Алонсо, потоа почна да вика по него, а на крајот, место да седне на клупата за резервни играчи, замина директно во соблекувална.