Toтнем го доби Евертон на гости и им се врати на победите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотнем по поразот од Астон вила во минатото коло денеска им се вратија на победите и тоа на гости против Евертон со победа од 3-0.

Победата на гостите беше најавена во 19. минута кога Ван Де Вен го отвори резултатот, а само шест минути подоцна се тресеше мрежата и на лондонскиот тим. Сепак, тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Ван Де Вен во финишот од првиот дел постигна и втор гол за зголемување на водството.

Во вториот дел избраниците на Томас Франк не дозволија гостите да ја загрозат нивната предност и со уште еден гол во 89. минута на Сар само го потврдија триумфот.