Георгиевски до сребро на силниот турнир во Романија!

Македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски успеа да освои сребрен медал на Г1 турнирот во Букурешт.

Георгиевски беше слободен во првото коло, а потоа во четвртфиналето го совлада Марсел Хоотак од Унгарија. Во полуфиналето се сретна со домашниот претставник Тудор Карагеа против кого запиша уште една победа и се пласираше во борбата за злато.

Во финалето Георгиевски се сретна со Тручинот Гусеин Демирчиоглу кој беше подобар од Македонецот.

Со ова сребро Георгивски доби и нови бодови за олимписка норма за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.