Падна на допинг, па докажа дека тоа било поради секс со партнерот!

Триатлонката Имоген Симондс по една година битка докажа дека била позитивна на допинг тест поради интимен однос со својот партнер, кој користел суплименти со забранети супстанци без нејзино знаење.

Спортиската од Швајцарија падна на допинг тест направен на 8 декември минатата година, во нејзиниот примерок бил најден лигандрол.

Таа веднаш почнала сопствена истрага и утврдила дека била позитивна поради секс со својот партнер, кој користел суплименти со забранети супстанци без нејзино знаење.

Количината на лигнадрол во примерокот била многу ниска, исто така, тестовите направени пред и по 8. декември биле негативни, па објаснувањето било едноставно – супстанцата влегла во нејзиниот систем при интимен контакт преку биолошки течности како плунка или други телесни течности.

Интернационалната агенција за тестирање внимателно и ги разгледа сите понудени докази и оваа недела донесе ослободителна пресуда, односно дека нема вина или небрежност од страна на Имоген Симондс и таа може да продолжи да се натпреварува.