Победа на Арсенал, пораз на Сити - топчиите ја зголемија предноста на врвот! (ВИДЕО)

Арсенал со 1-0 го победи Кристал Палас, а со истиот резултат Манчестер Сити загуби на гостувањето кај Астон Вила, коло како по мерка за тимот на Микел Артета.

Коло во кое Арсенал освои три бода, а Ливерпул и Манчестер Сити доживеаа порази.

Клучниот момент на лондонскиот дуел се случи во 39. минута кога Еберечи Езе постигна гол против „својот“ Кристал Палас за водство на Арсенал од 1-0, што беше и конечен резултат.

Со истиот резултат Астон Вила го победи Манчестер Сити и ја прекина добрата форма на тимот на Гвардиола во Премиер лигата.

Единствениот гол беше постигнат во 19. минута кога Кеш реализираше за победа од 1-0.

Во другите натпревари од овој термин Борнмут со 2-0 го победи Нотингем форест, а Барнли со 3-2 славеше на гостувањето кај Вулвс.