Маџари го намачи ТФТ, фаворитот едвај до победа
Гостинските кошаркари прикажаа одлична игра и пружија голем отпор на фаворитот кој во финишот сепак успеа да ја обезбеди победата.
Од самиот почеток Маџари влезе храбро и по првиот период водеше со 22-18. Добрата игра на гостите продолжи и во вториот период, па пред крајот на првиот дел дојдоа и до двоцифрена разлика, додека на одмор заминаа со водство од 41-33.
Со почетокот на вториот дел ТФТ како да „додаде гас“, па брзо ја анулираше предноста и поведе, сепак Маџари одново се врати и во последниот период влезе со предност од 54-53.
Сепак, во Маџари немаа сили до крај да издржат и да приредат изненаудвање, па ТФТ во последните минути го скрши отпорот и со 79-76 стигна до нов триумф.
Најeфикасен кај победникот беше Виктор Ташовски со 19 поени, пред Дарин Говенс со 13, додека кај Маџари се истакна Кристијан Лафајет со 17 поени и девет скока
За ТФТ ова беше четврти триумф во исто толку натпревари, додека Маџари го забележа четвртиот пораз.