Лапорта самоуверен пред „Ел Класико“: Ќе го победиме Реал Мадрид!

Вечното дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона во Ла Лига е закажано за недела од 16.15 часот, а претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта е убеден во победа против големиот ривал.

Лапорта имал вечера со ѕвездите на Барселона, по што испрати порака до навивачите на екипата од „Камп Ноу“.

„Ќе го победиме Реал Мадрид в недела. Сигурен сум дека ќе се случи такво нешто. Имав вечера со фудбалерите, тие се ептен мотивирани. Сите се сигурни во победа. Ќе се потрудиме да ве направиме среќни в недела“, кажа Лапорта.

Дербито меѓу гигантите се игра в недела од 16.15 часот.

Фото: FC Barcelona