„Не ја признавам титулата во Лигата на шампионите, не е моја“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер не се смета за освојувач на трофејот во Лигата на шампионите и покрај тоа што беше член на шпанскиот гигант во 2024 година, кога тој стигна 15. трофеј во елитното натпреварување.

Турчинот беше и во составот на „кралскиот клуб“ во финалниот меч од Лигата на шампионите, но Анчелоти не го пушти во игра и затоа тој тврди дека не го почувствувал моментот како европски првак. Затоа има голема амбиција за во иднина.

„Не ја освоив Лигата на шампионите, таа не е моја, затоа мораме да освоиме уште една. Сакам децата во Турција да кажат: Арда успеа во тоа“, вели Ѓулер.

Не е само финалниот натпревар, тој таа сезона воопшто не заигра во Лигата на шампионите поради серијата повреди со кои се соочи. Забележа вкупно 12 настапи во дебитантската сезона за Реал од кои 10 во Ла Лига и по еден во Копа дел Реј и Суперкупот на Шпанија, но вкупно на теренот помина само 440 минути.