Српски гигант испратил понуда за „Македонецот“ Шортс

Репрезентативецот на Македонија, Ти Џеј Шортс летово потпиша двегодишен договор со грчки Панатинаикос, но во меѓувреме добил понуда од српскиот гигант Црвена Звезда.

Италијанскиот новинар Андреа Калцони објави дека грчкиот тим веднаш ја одбил понудата за позајмица и таа можност пропаднала.

Шортс минатата сезона играше одлично во дресот на Париз, а притоа во просек постигнуваше по 18,7 поени и 7,5 асистенции по натпревар.