Неверојатно сценарио се подготвува за СП - ќе учествуваат две репрезентации од иста држава?

Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико сигурно ќе биде посебно во многу погледи, најмногу поради тоа што за првпат ќе има 48 репрезентации учеснички.

Сепак, ова Светско првенство би можело да биде посебно и по уште еден сегмент.  Вторпат во историјата, по 1938 година, би можеле да видиме национален тим и тим од неговата прекуокеанска територија, односно колонија. Со други зборови, тоа би можело да биде прв пат да видиме земја и земја што е дел од нивната заедница.

Француската фудбалска репрезентација речиси сигурно ќе се квалификува директно за Светското првенство во 2026 година. Франција е една од земјите што претходно имаа многу колонии, денес некои од нив се прекуокеански департмани, а една таква селекција е во плејофот.

Станува збор за репрезентацијата на Нова Каледонија, која како вицешампион на Океанија, ќе игра во интерконтиненталниот плејоф во март 2026 година. Покрај тоа што е прекуокеанска територија на Франција, Нова Каледонија е и држава што припаѓа на Францускиот Комонвелт. Во 2014 година, во Нова Каледонија беше одржан локален референдум за да се одлучи дали ќе стане независна држава или ќе остане во Комонвелтот со Франција. Референдумот беше неуспешен и до ден-денеска, Нова Каледонија е дел од Франција.

Интерконтиненталниот плејоф се игра во полуфинален и финале формат, а ќе се одржи во Мексико. Од сегашен аспект, најверојатно ќе учествуваат уште Костарика, Јамајка, ОАЕ, Боливија и една од африканските селекции: Нигерија, Камерун, Конго или Габон. По завршувањето на квалификациите во ноември 2025 година во сите зони, ќе се знаат и шесте учесници. Ако Нова Каледонија се пласира на Светското првенство, тоа би бил вторпат во историјата една земја и нејзината прекуокеанска територија или департман да играат на исто првенство, или првпат таа територија да биде дел и од државната унија на друга земја учесничка. Уште ако се паднат во иста група, два пати пред еден натпревар ќе се интонира иста химна - Марсељеза.

Такво нешто се случи само на Светското првенство во 1938 година, кога учествуваа Холандија и тогашните Холандска Источна Индија, денешна Индонезија. Нова Каледонија е една од ретките прекуокеански територии на Франција што е примена во ФИФА. На пример, Гвадалупе, Француска Гвајана, Мартиник, Сен Мартин, Бонер сè уште не се примени во ФИФА, а сите имаат национални селекции.