
Гидсел е чудо: Изведе нова магија во победата на Фуксе Берлин (ВИДЕО)
Ракометарите на Фуксе Берлин без поголеми проблеми славеа победа над Колштад со 38-27 со што останаа единствената перфектна екипа од групата „А“ по пет одиграни кола.
Воодушевување од погодокот на Данецот изразија од ЕХФ каде што со објавеното видео од неговата магија, поставија и прашање:
Има ли нешто што овој човек не може да направи?
Гидсел натпреварот го заврши со осум гола од десет обиди, додека најефикасен во тимот на Фуксе беше Грондал со девет гола и максимална 100% успешност. На спротивната страна Симон се издвои седум погодоци.
Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин, Спортинг на свој терен славеше победа над Веспрем со 33-32.