
Тренто доживеа дебакл во Еврокупот, не помогна ниту солидниот Јакимовски
Јакимовски на теренот помина нешто помалку од 23 минути во кои постигна 15 поени, исто колку што имаше Сенегалецот, Папа Чек Нианг, додека најмногу 22 поени постигна Американецот Џонс.
Сите поени македонскиот кошаркар ги постигна во второто полувреме. Најефикасен во победничкиот состав беше Мек Густи со 22 поени. Овој убедлив триумф на Лондон Лајонс е и едно од поголемите изненадување во досегашните три кола од Еврокупот.