Ѓоковиќ за пензијата: Жал ми е што ќе ве разочарам...

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на турнирот во Ријад каде што беше поразен од Јаник Синер со 2-0 во сетови, но српскиот тенисер за време на престојот во Саудиска Арабија уште еднаш порача дека не размислува на пензија.

Во својата изјава, Ѓоковиќ истакна дека негова најголема мотивација се: Леброн Џејмс, Кристијано Ронлдо и Том Брејди.

„Кога ќе ги погледнете другите спортови, Леброн има 40 години и уште игра на високо ниво, Кристијано исто така. Том Брејди играше и по 40-тата. Тие ме инспирираат. Сакам да продолжам, па така од пензијата нема ништо, жал ми е што ќе ве разочарам“, изјави Ѓоковиќ.

Фото: EPA