Mладоста уште еднаш победи, Синер го преслуша Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ загуби уште еден меч во битката со најдобрите двајца тенисери во светот во овој момент, откако вечерва со 2-0 (6-4, 6-2) во сетови во Ријад подобар беше Јаник Синер.

Тешко може да се спротистави Новак на младоста на Синер и Алкараз, па така беше и во овој меч во кој Италијанецот стигна до триумфот без поголеми проблеми.

Во првиот сет вториот светски тенисер направи брејк во третиот гем за водство од 2-1 и таа предност ја задржа до крајот на сетот.

Ѓоковиќ во вториот сет уште на стартот го загуби својот сервис, а потоа и уште еднаш кога Синер поведе со 4-1. Тука веќе беше јасно дека Новак нема да може да стигне до финалето.

Во битката за трофејот на турнирот во Саудиска Арабија, Синер ќе игра против Алкараз кој денеска претходно беше подобар од Американецот, Фриц исто така со 2-0 во сетови.

Фото: EPA