Шкендија малку забега: Билетите за Шелбурн се до 800 денари!

Од редовите на Шкендија одредија изненадувачки високи цени за првиот домашен натпревар во Конференциската лига во кој ќе играат против ирскиот Шелбурн.

Натпреварот помеѓу Шкендија и Шелбурн е закажан за идниот четврток, а билетите ќе бидат во продажба веќе од утре од 12:00 часот.

Во зависност од позицијата на седење блетите ќе се продаваат по цена од 500 до 800 денари.

Јужна трибина:

500 денари (блокови 1 и 6)

600 денари (блокови 2 и 5)

750 денари (блокови 3 и 4)

Северна трибина:

500 денари (блок 13)

700 денари (блокови 20, 21 и 23)

800 денари (блок 14)

Билетите ќе се продаваат преку продажната мрежа на „МкТикетс“, додека физичка продажба ќе има само во Тетово (Монако Тобако). Исто така тетовскиот клуб извести и дека на денот на натпреварот ќе биде отворена билетерата пред стадионот во Скопје.

Шкендија сезоната во Конференциската лига ја започна на гостувањето во Шпанија кај Рајо Ваљекано со 2-0.