Тиквеш го помачи Пелистер, но шампионот не дозволи изненадување

Ракометарите на Пелистер по вчерашниот пораз од Барселона во Лигата на шампионите денеска продолжија со обврските во Суперлигата каде што славеа победа на гости кај Тиквеш со 30-25.

Домаќините поведоа само на стартот со 1-0, а потоа гостите од Битола ја преземаа контролата над резултатот. Веќе до средина од првиот дел стигнаа до високи седум голови разлика (5-12). Сепак, Тиквеш не се откажуваше и се обидуваше колку што може да парира, па до крајот на првиот дел намали на 12-15.

Успеа Тиквеш во второто полувреме да дојде и израмнување (18-18), но шампионот тука одново „додаде гас“ и до крајот повторно беше подобриот тим за петти триумф од стартот на сезоната во која имаат уште еден пораз (Вардар) и едно реми (Алкалоид).

Мохамед Ахмед од Тиквеш беше најефикасен со осум гола, додека кај Пелистер по пет постигнаа браќата Атанасијевиќ, Тајник и Хакбарт.