Фановите збудалеа по ќерката на екс-фудбалерот на Ливерпул – се нудат да му станат зет! (ФОТО)

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Нели Мелор се најде во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи објави фотографии од неговата ќерка.

Мелор со објавата сакаше само да го честита роденденот на Никол која наполни 19-години, меѓутоа доби голем број пораки поради нејзиниот изглед.

„Среќен роденден на мојата неверојатна ќерка“, додаде Мелор покрај фотографијата.

Објавата многу брзо стана вирална и собра повеќе од 3.7 прегледи во само 48 часа. Бројни фанови се пошегуваа и се понудија на Мелор да станат негов зет.

Мелор своевремено ја помина академијата на Ливерпул, а за првиот тим дебитираше под водство на Рафа Бенитез во 2004 година. Фановите го паметат по прекрасниот гол против Арсенал, а имаше и свој допринос во Лигата на шампионите.

По заминувањето од Ливерпул немаше преголем успех и играше за Престон Норт Енд и Шефилд Венздеј, кариерата ја заврши во 2012 година со повреда на коленото.