
Германија беше пресилна, убедлив пораз за девојките на стартот од квалификациите
Избраничките на селекторот Грчевски лошо влегоа во натпреварот и дури во 16-тата минута го постигнавме првиот гол од игра кога погоди Ризоска. Германија во тие моменти водеше со 7-2.
Во наредните минути успеавме да се консолидираме и да дојдеме до „минус два“, а се покажа дека тоа беа и нашите најдобри минути во натпреварот. Веќе до паузата, Германија го врати убедливото водство и водеше со 14-8.
Сигурната предност Германките ја одржуваа и во вторриот дел, за во финишот кога нашата селекција како предвреме да се откажа, Германија да ја наполни мрежата и ни нанесе пораз од 16 голови разлика.
Најефикасна беше Емилијана Ризоска со осум гола, а четири постигна Ива Младеновска. Кај Германија по пет постигнаа Хауф и Лечтер.
За три дена Македонија ја очекува нов натпревар, првиот на домашен терен во овие квалификации во кој ќе ја пречекаме Словенија во Битола во терминот од 18:00 часот.