ГОГ ги освои бодовите во Загреб и се израмни со ПСЖ и Сегед

Данскиот ГОГ Гудме сславеше победа од 36-31 на гости кај Загреб во денешниот натпревар од групата на македонскиот шампион, Пелистер.

ГОГ подобро го почна на натпреварот и победата ја најави уште во првата половина во првите 30 минути кога водеше со 8-2.

Продолжи подобрата игра на Данците и во продолжение, па така на одмор заминаа со 19-11. Заигра хрватскиот претставник нешто подобро во вториот дел, сепак тоа не беше доволно за пресврт, па така тимот на ГОГ дојде до втората победа сезонава во Лигата на шампионите откако пред две кола го совладаа Пелистер во Битола.

Најдобри во победата на данскиот состав беа Бјере и Вилемсен кои постигна по осум гола. На спротивната страна Кларица и Шковребадѕе имаа по шест.

На табелата сега ГОГ има четири бода со што се изедначи со ПИК Сегед и ПСЖ, Висла и Барселона имаат по осум, додека лидер е Магдебуг со десет. Македонскиот шампион е претпоследен со два бода, додека Загреб е еднствениот без бодови.

Фото: EHF