
Кантона се чуди: Kако може Русија да биде суспендирана, а Израел не!
Кантона го дели мислењето на многумина, но Французинот е познат по тоа што секогаш е без влакно на јазикот, па така беше и сега.
„Четири дена откако Русија ја почна војната во Украина, ФИФА и УЕФА ја суспендираа. Ние сега сме 716 денови во она што Амнести Интернешенал го вика геноцид, и Израел уште продолжува да се натпреварува“, рече Ерик Кантона истакнувајќи го двојниот аршин на ФИФА и УЕФА.
Фото: EPA Photo