Бензема сам си направи проблем: Објави снимка на која прави сообраќаен прекршок (ВИДЕО)

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема се најде во проблем кој самиот си го создаде откако објави снимка за која може да биде казнет.

Имено, Французинот објави видео на кое вози еден од своите автомобили, но во исто време слуша музика и гледа во телефонот.

Таквото однесување во Саудиска Арабија се смета за неодоговорно и напаѓачот може да заработи парична казна од 125 до 225 евра, а исто така и да добие казнени два бода во својата возачка дозвола.