„Гори“ Сплит: „Торцида“ направи шоу пред најголемото хрватско дерби! (ВИДЕО)

Хајдук и Динамо утре го играат најголемото хрватско дерби, а пред натпреварот ултрасите на „Торцида“ направија вистинско шоу во градот.

Центарот на Сплит беше преполн од возила и пирхотехника од навивачите кои сакаа да искажат поддршка на своите миленици пред утрешниот натпревар.

Дербито кое е на програмата од 7. коло на програмата е утре од 17:00 часот, а во него двете екипи влегуваат од првата и втората позиција со по 13 бода. Интересно е што и Хајдук и Динамо,идентично на последните две средби имаат реми и пораз.

Повеќе снимки од атмосферата во Сплит можете да погледнете - ТУКА.