Конфузија во Токио: Американец остана без златото, па експресно го доби назад!

Жалбата на американскиот атлетичар, Раи Бенџамин е усвоена и тој сепак ќе има златен медал од Светското првенство во Токио.

Имено, Бенџамин како прв ја заврши трката на 400 метри со пречки, но подоцна со одлука на организаторот беше дисквалификуван.

Причината беше затоа што во текот на прескокнувањето на една пречка имал допир со препоната и на тој начин загрозил друг натпреварувач. Сепак, по неговата жалба, оваа одлука е сменета.

Така Бразилецот, Алисон Дос Сантос само накратко се израдува на злато и сега ќе мора да се задоволи со среброто.

Трката Бенџамин ја заврши со време од 46.54, додека Дос Снтос истрча за 46.84 секунди.

Фото: EPA