Фенербахче не молчи: Али Коч му одговори на Мурињо!

Жозе Мурињо во текот на вчерашниот ден беше промовиран на клупата на Бенфика каде што пристигна по отказот во Фенербахче, а уште во првиот ден во новиот клуб испрати „отровни стрели“ кон поранешниот клуб.

Португалскиот стратег на прес-конференцијата го критикуваше турскиот гигант истакнувајќи дека неговиот потег да го преземе Фенербахче, сега го оценува како погрешен биддејќи клубот не бил негово ниво.

Денеска стигна одговорот од Истанбул од каде што се огласи претседателот на Фенербахче, Али Коч.

„Заминувањето на Мурињо не беше лесно, го прифативме како член на семејството, но да се каже дека неговото доаѓање овде беше грешка, тоа ја намалува неговата вредност како тренер. Сите играчи кои сезоната претходно имаа 99 бодови во лигата со него доживеа пад. Керем Артутоолу постигна врвен гол, елиминацијата од Бенфика не беше вина на Мурињо“, изјави првиот човек на Фенербахче.

Ќе потсетиме, преземањето на Бенфика за Мурињо е враќање во овој клуб по цели 25 години.

Фото: Benfica CF