Лион им се врати на победите и се израмни со ПСЖ (ВИДЕО)

Eкипата на Лион по поразот од Рен во претходното коло вечерва им се врати на победите и тоа со триумф над Анже од 1-0.

Доминираше Лион од првата минута на средбата и имаше повеќе посед на топката, но сепак на пауза се замина со почетниот резултат.

Одлучувачкиот момент се случи во 65. минута кога Тисман најдобро се снајде во шеснаесетникот на гостите  и стрелаше за победа на својот тим.

Со овој триумф Лион се израмни со ПСЖ со 12 бода на врвот на табелата, но „светците“ допрва треба да го играат својот натпревар од ова коло во кој ќе се соочат со Марсеј.