
Епски дебакл на Црна Гора на дебито на Вучиниќ (ВИДЕО)
Тоа не е највисок пораз од осамостојувањето на Црна Гора („рекорд“ е оној од Англија со 0-7), но ако се има предвид тоа дека Фарски Острови е една од најслабите репрезентации во светот, дебаклот добива уште поголема тежина. Да биде уште полошо, денеска требаше да почне нова ера во црногорската репрезентација бидејќи минатиот месец од селекторската функција беше избркан Роберт Просинечки и на негово место поставен Мирко Вучиниќ кој вечерва дебитираше. Од друга страна, селекцијата на Фарски Острови ја израмни својата највисока победа во историјата. Можеше да биде и 5-0, но во финишот стативата ги спаси гостинските фудбалери.
За Црногорците ова беше четврти пораз во низа и со него целосно ги загубија шансите за пласман на Светското првенство.