
Партизан испушти +14, ама сепак го победи Ефес
„Црно-белите“ одиграа фантастично прво и проблематично второ полувреме и малку недостасуваше да дозволат огромен пресврт на гостинскиот тим. Во воведните 20 минути, Партизан постигна 55 поени, а во неколку наврати имаше предност и од 14 разлика.
Се чинеше дека победникот е познат, но Ефес не само што ја достигна негативата, туку и дојде до водство од 76-75 на почетокот од последната четвртина. Партизан на тоа одговори со серија од 7-0 и во драматичниот финиш, носен од фантастичните навивачи дојде до исклучително важен триумф.
Од останатите вечерашни натпревари, најинтересно беше во Виторија каде Панатинаикос ја победи Басконија со 86-84, а Шортс за 19 минути во игра постигна четири поени, три асистенции и еден скок.