
По пауза од 12 години, Алжир ќе игра на Светско првенство (ВИДЕО)
Во клучниот меч Алжирците ја совладаа Сомалија со 3-0 и на коло пред крајот имаат недостижни пет бода предност во однос на Уганда. Два од трите гола постигна Мохамед Амура, а еден беше дело на Ријад Марез кој го одигра 105. натпревар во репрезентацијата.
Пред Алжир, пласман на Мундијалот од африканскиот континент обезбедија уште Египет, Мароко и Тунис. За Алжирците ова ќе биде петти настап на Мундијалите, а прв по пауза од 12 години.