Египќанка ни пресече контра и сериозно се повреди - соиграчките се држеа за глава (ВИДЕО)

Ракометната репрезентација на Македонија во овие моменти го игра натпреварот против Египет во рамките од „Трофеј Македонија“ во Охрид, а во првото полувреме видовме и една непријатна сцена.

Една од противничките ракометарки при еден наш напад во обид да помогне во одбраната незгодно згазна и заработи веројатно тешка повреда на коленото. Ракометарката со помош на своите соиграчки го напушти теренот и очекувано не ја продолжи средбата.