Белоти потсети на деновите од Торино и го реши Лече! (ВИДЕО)

Искусниот напаѓач од редовите на Каљари, Андреа Белоти вечерва барем малку потсети на деновите кога го носеше дресот на Торино и со два гола донесе победа на својот тим над Лече (1-2).

Лече тргна добро во натпреварот и по само пет минути преку Тијаго Габриел стигна до предност. Каљари успеа да израмни по нешто повеќе од половина час кога Белоти го постигна својот прв гол на средбата.

Во второто полувреме видовме еден гол и тоа од пенал на 20-тина минути пред крајот кога Белоти беше сигурен реализатор на најстрогата казна.

За Каљари ова прв триумф во сезоната по ремито со Фиорентина и поразот од Наполи, Лече од друга страна остана на последната позиција со само еден бод.