
Чудна ситуација: Му го подари дресот на навивач, па си го бараше назад! (ВИДЕО)
Фудбалерот доби црвен картон, па додека одеше кон соблекувалната го соблече дресот и го фрли во публика кон еден фан.
Но, ВАР ја промени одлуката, го поништи црвениот картон и фудбалерот мораше да се врати на теренот па си го побара дресот назад.
За негова среќа фанот имаше разбирање за ситуацијата, па без проблем му го врати дресот, а тој со насмевка го зема.