Македонија со гол од пола терен ја шокира Ерменија (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година славеше против Ерменија (2-1) со пресврт во третото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Македонија имаше шанса уште на стартот на мечот да постигне гол, но не реализираше одлична шанса преку Трајков. Казната стигна преку Ховханисјан во 38. минута кога донесе предност за Ерменија.

Нашата селекција продолжи со нападите и атрактивна игра, а ја врати неизвесноста во 54. минута кога Трајков стрелаше за 1-1.

Целосниот пресврт беше дело на Трајков, кој испрати длабока топка кон гостинскиот гол, а чуварот на мрежата на Ерменија лошо го процени движењето на топката, па таа заврши во неговата мрежа за конечни 2-1.

 
 

Македонија, по воведните два порази, конечно запиша прв триумф во квалификациите за ЕП.