Втора победа за битолчани: Пелистер со пресврт му пресуди на Чаир 2030

Кошаркарите на Пелистер со пресврт триумфираа против Чаир 2030 со 104-74 во второто коло од македонската лига.

Битолчани се соочија со сериозен отпор од Чаир 2030, кој на полувремето замина со предност од еден поен (48-47).

Пелистер со перфектна трета четвртина (30-13) го направи првиот чекор кон победата, а Чаир 2030 не успеа да се соземе во последните 10 минути, по што запиша голем пораз од битолчани.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Малешевиќ со 23 поени и осум скокови, додека Билингслеј постигна 27 поени и 11 скокови за Чаир 2030.

Фото: КФМ