Ќерката на Коби Брајант стана директорка во Лејкерс

Ќерката на легендарниот кошаркар Коби Брајант, Наталија Брајант и официјално доби директорска позиција во Лос Анџелес Лејкерс, каде што нејзиниот татко играше долги години.

Првиот проект на Наталија е наречен „Вечната легенда: Виолетова и златна ширум светот“, а тоа е краток филм кој го претставува глобалното влијание на клубот од Лос Анџелес и воедно оддава почит кон нејзиниот татко.

Во филмот може да се погледнат мајсториите на легендите на Лејкерс како Меџик Џонсон или Коби Брајант.