Драма во Истанбул: Црвена Звезда го расплака освојувачот на Евролигата

Кошаркарите на Црвена Звезда успеаја да слават на тешкото гостување кај Фенербахче со 86-81 за прва победа во Евролигата оваа сезона.

Српскиот гигант отвори со 25-17, а до крајот на првото полувреме создаде предност од 43-30 со што ја најави победата.

Фенербахче заигра подобро во вториот дел од мечот и почна да ја топи негативата до минус три (69-72), меѓутоа „црвено-белите“ не дозволија целосен пресврт.

Хортон Такер беше најефикасен кај Фенербахче со 19 поени, два скокови и три асистенции, додека Монеке запиша 20 поени, 12 скокови и една асистенција за Црвена Звезда.

На останатите натпревари Олимпијакос го совлада Дубаи со 86-67, Барселона славеше со 108-102 против Валенсија, додека Жалгирис го надигра Баерн со 98-70.

Фото: https://kkcrvenazvezda.rs/