
Вардар имаше лесен тренинг - го здроби Прилеп со 17 голови разлика!
„Црвено-црните“ успеаја уште во првото полувреме да ја наметнат својата игра и да ги казнат грешките на ривалот за на полувреме да заминат со двоцифрена предност (19-9).
Прилеп беше за нијанса подобар во второто полувреме, меѓутоа не можеше да му парира на скопскиот гигант кој продолжи да ја зголемува разликата сè до конечни 39-22.
Вардар е лидер во домашниот шампионат со 14 бодови, односно седум победи по ред, а по нив следат Алкалоид со 10, како и Пелистер, Охрид и Бутел со по девет поени.