Ако Македонија се пласира на Мундијалот, спиење нема да има!

Македонската фудбалска репрезентација ја чека баражот против Данска во март за пласман на Мундијалот, а сега се познати и термините во кои би ги играле натпреварите доколку се пласираме.

Првиот натпревар во кој би играле со Јужна Кореја е закажан за во терминот од четири часот наутро на стадионот во Гвадалгахара на 12 јуни, додека вториот на 18 јуни во кој би ги одмериле силите со Јужна Африка е единствениот во „нормален“ термин за европски услови од 18.00 часот по пладне.

Во последниот натпревар во кој противник би ни бил Мексико на 25 јуни повторно е закажан за во ноќен термин и тоа три часот по полноќ.

Ќе потсетиме, покрај првиот дуел со Данска, Македонија ако слави во Копенхаген ја чека и уште еден натпревар против подобриот од натпреварот помеѓу Чешка и Републиика Ирска.