
Мурињо да ни позавиди на одбраната: Македонскиот бедем ги излудува Белгијците! (ВИДЕО)
Селекторот Боби Милевски се реши со дефанзивна тактика да се спротивстави на креативниот состав на Белгија, во првите 45 минути таквата наша игра функционираше идеално.
Белгија постојано напаѓаше, но Македонија фантастично се бранеше. Домаќините имаа неколку обиди за гол, но ниту еднаш не создадоа стопроцентна шанса за погодок. Сите нивни обиди кон Димитриевски беа блокирани. Македонскиот голман немаше интервенции.
Македонија се обидуваше преку контра напади да го загрози голот на Куртоа, но во првиот дел ги немавме многу. Најважно, планот на Милевски функционира, одбраната одигра одлично во првото полувреме.