
Паника во Белгија: Мора да победиме во Велс, немаме друг избор!
Следниот натпревар го играат против Велс на гостински терен, а Николас Раскин вели дека немаат друг избор освен победа.
„Создадовме многу шанси, но не можевме да постигнеме гол. Ова беше фрустрирачка ноќ за нас. Во Велс мора да победиме, немаме друг избор“, вели Раскин.
Белгија во моментов е на втората позиција со 11 бодови, односно еден повеќе од Велс, па нивниот меч ќе биде клучен во исходот на групата.
Фото: EPA