Тагер станува кошмар за Лина: Ѓорческа елиминирана од Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа повторно загуби од Лили Тагер со 1-2 во сетови, односно 3-6, 7-5 и 6-7 во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, откако пред неколку дена беше поразена од Австријката и во финалето на натпреварувањето во Букурешт.

Австриската тенисерка имаше одличен старт на мечот и освои три гема по ред (3-0), по што Ѓорческа успеа да возврати и да намали на 3-4. Тагер, сепак, направи уште еден брејк и го освои сетот со 6-4.

Ѓорческа веднаш го загуби својот сервис во вториот сет и Тагер поведе со 2-0, но набрзо македонската тенисерка успеа со пресврт да стигне до 7-5 и израмни на 1-1 во сетови.

Тагер го нападна сервисот на Ѓорческа уште на стартот на решавачкиот сет, но Македонката успешно се одбрани. Сепак, австриската тенисерка го освои посакуваниот брејк во петтиот гем за 3-2. Ѓорческа не се предаваше и набрзо го возврати ударот за да израмни на 5-5.

Мечот се решаваше во тај-брејк, каде што се водеше голема борба, а на крајот триумфира Тагер со многу среќа со 7-5.

Овие две тенисерки се сретнаа и пред неколку дена кога Тагер славеше во финалето на турнирот во Букурешт со 1-2 во сетови.