Jунајтед има за што да жали: Рашфорд издоминира во првото коло од ЛШ

По одличниот настап против Њукасл во кој постигна два гола, напаѓачот на Барселона, Маркус Рашфорд е избран за фудбалер на колото.

Во првото коло 27-годишниот напаѓач на каталонскиот гигант постигна два гола и така ја обезбеди победата за тимот на Флик од 2-1.

Рашфорд во битката за признаанието ги победи Фушан Влаховиќ од Јувентус, Маркус Турам од Интер и екс-фудбалерот на Барелона, Франсиско Тринкао. Интересно е што сите номинирани во натпреварите на своите екипи постигнаа по два гола.