
Дејан Станковиќ доби огромна суспензија во Русија!
Суспензијата е поради навреди кон судиите на градското дерби против Динамо Москва.
Станковиќ уште во првото полувреме протестираше кон судиите поради што доби жолт картон. Но, Србинот не престана со навредите, продолжи да биде бесен кон делителите на правдата.
Дисциплинската комисија одлучи да го стави на големо ладење, па му даде еден месец суспензија.
Тоа значи дека во наредните 30 денови Станковиќ нема да може да седи на клупата на Спартак Москва за време на натпреварите.
По осум одиграни кола во Русија, Спартак Москва е на осмото место со три победи, исто толку нерешени и два порази.