
Навивачите на Јунајтед бесни поради цените на пивото на „Олд Трафорд“
Цената на шише „Карлинг“ се зголемила за 30 отсто, па така наместо 4,40 се продава за 5,70 евра. Поскапо е и чаша пиво „Мадри“, и тоа за дури 51 процент, па сега се продава за 6,65 евра.
Манчестер јунајтед се брани дека цените на пивото се реални, зашто во изминатите две години го продавале со попуст, но поради зголемените трошоци повеќе не можат да го прават тоа.
Сезоната за „црвените ѓаволи“ почнува на 17 август против Арсенал од 17.30 часот.