Еден од најпознатите светски судии ќе дели правда во реваншот на Карабах и Шкендија

Еден од најдобрите и најпознати судии во овој момент, Дани Макели е избран да дели правда во Баку во натпреварот помеѓу Карабах и Шкендија во Баку.

Макели ќе има помош од Хесел Стегстра и Јан Де Врис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. ВАР Судија е Денис Хиглер, додека асистент ВАР Ричард Мартенс.

Шкендија во првиот натпревар во Скопје претрпе пораз од 1-0, па сега во Баку ќе мора да победи, ако сака да извлече најмалку продолженија во битката за плеј-оф во Лигата на шампионите.

Ќе потсетиме, тетовскиот клуб веќе го обезбеди учеството во Европа бидејќи имаат загарантирано лигашка фаза во Конференциската лига, но сигурно дека во Шкендија ќе се обидат да направат и нешто повеќе.

Фото: KF Shkëndija/FB