
ПСЖ има нов голман, Донарума може да си оди!
ПСЖ денеска го промовираше очекуваното засилување, својот нов прв голман.
„ПСЖ со задоволство може да соопшти дека потпиша со Лукас Чевалие. 23-годишниот француски голман кој ќе го носи дресот број 30 потпиша со европскиот шампион до 2030 година“, стои во соопштението на клубот.
За ангажманот на Чевалие, ПСЖ на Лил му прати 40 милиони евра.
Овој трансфер значи дека Џиџо Донарума ќе биде продаден, а се шпекулира дека Манчестер јунајтед ќе биде купувачот.