
Илиевски: Нашите кошаркари премногу ги респектираа Унгарците
Македонија загуби со 38 разлика (58-96), но Илиевски смета дека тоа не е реален одраз на настаните на теренот.
„Очекував денешниот натпревар да биде малку поинаков бидејќи мислам дека овие 38 разлика се премногу во однос на квалитетот на двете репрезентации. Мислам дека нашите кошаркари премногу ги респектираа Унгарците и тука треба да се бараат причините за нашиот пораз.
Одигравме добра четвртина, но противникот беше исклучително расположена за шут, погоди 15 тројки со 40% шут од дистанца. Унгарците поседуваат квалитет и денеска беа мошне мотивирани за победа пред своите навивачи кои дадоа голема поддршка. Задоволен сум од младите кошаркари и се надевам дека во иднина ќе играме многу подобро, но ни останува да се подобруваме во секој поглед. Верувам дека во иднина ќе се надградуваме, а она на што треба да обрнеме внимание е дека кога резултатот оди во негатива, да не бараме брзи решенија бидејќи така само се продлабочува кризата Јас им давам поддршка на играчите, тие двааат максимум, но евидентно е дека се уште недостасува искуство“, рече Илиевски.