Салах распука по УЕФА: Кажете ни како умре, каде и зошто!? (ФОТО)

Европската фудбалска федерација (УЕФА) вчера се прости од палестинскиот репрезентативец Сулејман Ал-Обиед кој го викаа палестинскиот Пеле, тој беше убиен во израелски напад.

„Збогум Сујлеман Ал-Обеид, „палестинскиот Пеле“. Талент кој давааше надеж на безброј деца, дури и во најтешките моменти“, напиша УЕФА.

Поради ова се огласи Мохамед Салах кој ја критикуваше УЕФА поради тоа што не наведува дека Израел е причината за неговата смрт.

„Кажете ни како умре, каде и зошто“, објави фудбалерот на Ливерпул.

За разлика од Русија која веднаш доби санкции од УЕФА по нападот на Украина, Израелските екипи настапуваат во сите натпреварувања и покрај нападите врз Палестина.

Ваквиот двоен аришин создава револт кај многумина.