Не му требаше многу: Ѓокереш почна да тресе за Арсенал! (ВИДЕО)

Арсенал со убедливи 3-0 го совлада Атлетик Билбао во Емирати Купот кој традиционално го играат топчиите пред почетокот на сезоната, Виктор Ѓокереш го постигна првиот погодок во дресот на топчиите.

Течеше 34. минута кога Ѓокереш по асистенција од Зубименди даде гол за водство на Арсенал од 1-0.

Две минути подоцна по една одлична акција Сака зголеми на 2-0. Тоа беше резултатот од првиот дел.

Конечните 3-0 ги постави Каи Хаверц на осум минути пред крајот по додавање од Сака.