
Историски момент во македонскиот фудбал: Првата ВАР одлука - во Куманово (ВИДЕО)
Главниот судија на овој меч покажа пенал за гостинскиот тим, но по петминутното прегледување на ситуацијата, беше утврдено дека прекршокот е направен надвор од шеснаесетникот, па одлуката беше променета и Арсими доби слободен удар.
Интересно е тоа што веднаш потоа дојде првиот гол, од слободниот удар прецизен беше Армин Бесагиќ кој го доведе гостинскиот тим во водство.
ВАР реагираше и на вториот натпревар попладнево, но 20-тина минути подоцна кога беше поништен голот на Струга против Македонија Ѓорче Петров поради играње со рака.